ЗА НАС 2019-09-26T07:28:21+00:00

Нашата Приказна

hr

Хрома-Инженеринг е центар за пружини формиран 1990 година, како прва фирмa во приватна сопственост за производство и пласман на секаков вид на пружини и пружински елементи од специјална пружинска жица и лим. Хрома-Инженеринг cвојата дејност и пласман на производи го реализира врз основа на сопствен стручен кадар,  вклучувајќи  ја и развојната соработка со реномирани производители на пружини од Бугарија, Србија, Хрватска и Германија. Произведуваме пружини и пружински елементи изложени на разни типови на напрегање (статични и динамични).

Дебелина на пружинската жица која ја користиме во нашето производство е од: Ф 0.4 – 60 mm. Квалитетот на материјалот кој што го користиме при производството е: DIN 17223, DIN 50 CrV4 и челик Инокс DIN 17224 (X12CrNi7). Производите на Хрома-Инженеринг се присутни речиси во сите производствени компании на Република Македонија, Косово и Албанија. Фирмите како Макстил, Митал, Саса, Фени-индустри, АД Алкалоид, ФЗЦ 11 Октомври, Ваптек- МЗТ, Цементарница-Титан, Југохром- фероалојз, Јонсон Мети, Јонсон Контрол, Кемет електроник… се наши верни и задоволни купувачи.