Хрома-Инженеринг е центар за пружини формиран 1990 година, како прва фирмa во приватна сопственост за производство и пласман на секаков вид на пружини и пружински елементи од специјална пружинска жица и лим.
Хрома-Инженеринг cвојата дејност и пласман на производи го реализира врз основа на сопствен стручен кадар, вклучувајќи ја и развојната соработка со реномирани производители на пружини од Бугарија, Србија, Хрватска и Германија.
Квалитетот на материјалот кој што го користиме при производството е: DIN 17223, DIN 50 CrV4 и челик Инокс DIN 17224 (X12CrNi7).
Производите на Хрома-Инженеринг се присутни речиси во сите производствени компании на Република Македонија, Косово и Албанија.
Фирмите како Макстил, Митал, Саса, Фени-индустри, АД Алкалоид, ФЗЦ 11 Октомври, Ваптек- МЗТ, Цементарница-Титан, Југохром- фероалојз, Јонсон Мети, Јонсон Контрол, Кемет електроник... се наши верни и задоволни купувачи.